САД: Три лица уапсени и обвинети за планирање терористички напади
19-годишниот Акрор Саидахметов од Казахстан, 24-годишниот Абдурасул Хасанович Јурабоев и 30-годишниот Аброр Хабибов од Узбекистан, извесно време живееле во Бруклин, Њујорк и планирале да заминат за Сирија преку Турција за да се приклучат на џихадистите на Исламската држава...

Двајца државјани на Узбекистан и еден на Казахстан се уапсени и обвинети за планирање на терористички напади во Соединетите Американски Држави.
19-годишниот Акрор Саидахметов од Казахстан, 24-годишниот Абдурасул Хасанович Јурабоев и 30-годишниот Аброр Хабибов од Узбекистан, извесно време живееле во Бруклин, Њујорк и планирале да заминат за Сирија преку Турција за да се приклучат на џихадистите на Исламската држава.
ФБИ од минатото лето ги следела нивните постирања на социјалните мрежи, особено откако Јурабоев понудил со автоматско оружје го убие американскиот претседател Барак Обама и потоа да изврши самоубиство.
Останатите двајца обвинети Саидахметов и Хасанович планирале напади врз полицајци и агенти на ФБИ во Вашингтон, киднапирање на патнички авиони и напад врз туристичкото место на Кони Ајленд, доколку бидат спречени да заминат од САД.
Агенти на ФБИ ги уапсиле тројцата обвинети на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк непосредно пред летот за Истанбул, Турција. Двајцата узбекистанци и казахстанецот се изведени пред федерален судија во Бруклин и се терат за тероризам.
