Охридската цреша и кашкавалот и сирењето од Бистра ќе станат заштитени брендови
18 земјоделски култури и преработки, меѓу кои е и македонски ајвар имаат заштитени географски називи. Во постапка е и брендирањето на охридската цреша и кашкавалот и сирењето од Бистра.

Ориз, грав, ајвар, сирење, вино, мед и минерала вода се првите 18 заштитени производи со Законот за индустриска сопственост. Со новиот Закон за квалитетот на земјоделските производи, пак, брендирањето го прави Министерството за земјоделство.
Во постапка на заштита на географскиот назив има неколку производи како Охридска цреша и овчиот кашкавал и сирење од Бистра.
Со регистрирањетo на производ со географско потекло или ознака за квалитет се врши брендирање на македонски производ и може да се продава на странските пазари со препознатлив бренд и поголема додадена вредност.
Методија Трајков
