3.000 новозаболени од грип во последнава недела
Од почетокот на сезоната нема регистрирано смртни случаи предизвикани од инфекција со вирусот на грип...

Повеќе од 3.300 новозаболени од грип во земјава се регистрирани само последната недела, што претставува зголемување на бројот на регистрирано во однос на минатата недела за 61 процент.
Од почетокот на сезоната нема регистрирано смртни случаи предизвикани од инфекција со вирусот на грип. Најголем број на заболени од сезонски грип се пријавени на територија на Скопје, Тетово и Куманово. Во однос на возраста најголем број заболени се пријавени од 15 до 64 години.
Бројот на пријавени случаи на грип во земјава го задржува трендот на пораст, надлежните очекуваат вирусот на грип да се задржи на високо ниво уште две до три недели, пред да почне да опаѓа бројот на заболени.
