ЕУ ги враќа бегалците од Косово
26.02.2015 12:39
Денеска поголем контингент треба да пристигне од Белгија, додека завчера од скандинавските земји на приштинскиот аеродром долета првиот авион со стотина косовски имигранти...

ЕУ итно ги враќа илјадниците бегалци, кои пребегаа преку Србија, во нејзините земји членки.
Денеска поголем контингент треба да пристигне од Белгија, додека завчера од скандинавските земји на приштинскиот аеродром долета првиот авион со стотина косовски имигранти.
Се уште не се знае причината за десетици илјади бегалци, иако, според нивните изјави, имиграцијата има економски карактер.
