Авганистан: Напад врз возило на турската амбасада во Кабул
26.02.2015 12:44
Ова е прв напад врз турски цели во авганистанскиот главен град...

Две лица загинаа во самоубиствен напад на дипломатско возило на Турција, во главниот град на Авганистан, Кабул. Едниот загинат бил турски државјанин, додека пак другиот бил случаен минувач, државјанин на Авганистан. Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците, кои соопштија дека целта им била колона странски автомобили.
„Нападнат е конвој на турската амбасада. Загина турксиот возач. Напаѓачот бил во автомобил Корола полна со експлозив“, изјави Мохамед Ајуб Саланги, заменик министер за внатрешни работи.
Ова е прв напад врз турски цели во авганистанскиот главен град. Нападот е извршен во силно обебзедуваниот дипломатски кварт во Кабул.
