Почнува исплатата на средства за санирање на штетите од поплавите

26.02.2015 13:07

Црвениот крст и владините претставници задоволни од несебичната помош на граѓаните и на компаниите...

260 семејства од поплавените подрачја ќе добијат 10 милиони денари. Ова е првичната парична помош што ургетно ќе биде распределена во 12 општини.

По ова, најавија министрите Миле Јанакиески и Диме Спасов, ќе следуваат проценки за уништените земјоделски површини и за инфраструктурата.

Црвениот крст и владините претставници задоволни од несебичната помош на граѓаните и на компаниите кои даруваа средства и пари преку мобилните оператори, но преку банкарските сметки.