Притисоци за повлекување на тешкото вооружување на истокот на Украина
Украина повтори дека нема да го повлечат оружјето додека не престаната нападите на проруските сили...

Москва и проруските сили ја критикуваат Украина зашто одби да го повлече тешкото вооружување на истокот на земјата. Украина повтори дека нема да го повлечат оружјето додека не престаната нападите на проруските сили.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро ја искритикува Украина заради одбивање да почне повлекување на тешкото вооружување од зоната на судирите додека проруските сили не ги исполнат обврските од протоколот за примирје.
Лидерот на „Луганска народна република“ Игор Плотницки тврди дека ги исполнува условите од договорот во Минск и дека е повлечено 80% од вооружувањето. Според него киевската влада повлекла само 15% до 20%, пренесува руската агенција Тас.
Воениот претставник на Киев Андреј Лисенко во вторникот рече дека вооружувањето ќе се повлече доколку прекинот на огнот се почитува два дена.
