Заради беспилотни летала уапсени се новинари од Ал Џезеира

26.02.2015 13:19

Апсењето наводно не било поврзано со тоа што над Париз неколку ноќи по ред надлетувале беспилотни летала, кои биле со дозвола од градот, а за последните не била дадена дозвола...

Француската полиција уапси тројца новинари од Ал Џезеира кои управувале со дроновите во паркот на западен Париз. Едниот ги управувал, другиот снимал, а третиот само гледал, ова е информацијата од изворот близок до истрагата.

Апсењето наводно не било поврзано со тоа што над Париз неколку ноќи по ред надлетувале беспилотни летала, кои биле со дозвола од градот, а за последните не била дадена дозвола.

Портпаролот на француската влада изјавил дека нема причина за загриженост, признавајќи дека властите многу сериозно го сфаќаат тој феномен. Сепак неможат да ја откријат тајната зошто од минатата есен дроновите ги надлетуваат француските нуклеарки и некои места во Париз.