Фудбал - Лига на шампиони 1/8 финале (први мечеви)

Во Монако и Леверкузен уживаат во големите победи!

26.02.2015 13:46

Ноќна мора за Арсенал, Атлетико е среќен и од минималниот пораз, големи победи наа Монако и Баер...

Ниту искуството, квалитетот и ѕвездите не му помогнаа на Арсенал да побегне од осминафиналното проклетство. Четири сезони по ред, топчиите испаѓаат во оваа фаза, а по домашните 1:3 против Монако потребно им е чудо на Луи Втори. Само Ајакс пред 45 години успеал во елитното натпреварување на гости да надополни негатива од два гола. „Самоубиствена одбрана, Жиру зема слободен ден, не водеше срцето, а не главата“, беше разочаран Венгер.

Монако во северен Лондон одржа тактичка лекција, Жардим вели дека е завршена само половина работа и оцени дека анализата е клучна за ваквиот резултат. Според португалскиот стратег знаеле дека Арсенал игра подобро во првото полувраме и откако го издржаа, во второто свесно биле понапаѓачки ориентирани.  Головите на Кондогбија, Бербатов и на Фереира - Караско, без разлика на погодокот на Окслејд – Чембрлен, го расположија и Принцот Алберт кој пред почетокот на натпреварот го замолил Венгер да бидат нежни, а по него му е жал за големиот пријател.

„Разумно сум задоволен затоа што можеше да биде и полошо“, Симеоне најдобро го опиша поразот на Атлетико во Леверекузен од 1:0. Навистина, ланскиот финалист имаше шанси, но сепак Баер беше тој што играше подобро, дури и статистиката го потврдува првиот осминафинелен триумф во историјата на германската екипа. Стрелецот на голот Чалханоглу и тоа по 255 минути пост на домашната екипа, смета дека бундеслигашот може да биде рамноправен и против најдобрите во Лигата на шампионите  Тренерот Шмит пак, е импресиониран од тоа што неговите фудбалери  го оддржале високото ниво на игра во текот на сите 90 минути.

Реванш дуелите ќе се одиграат на 17 март.