Заглави екстрадицијата за новинарот Божиновски ?!
Ако српското Mинистерство за правда реши да го екстрадира новинарот Зоран Божиновски, неговото враќање во земјава нема да биде пред почетокот на март. Ова за Македонската телевизија го потврдија од Вишиот суд во Нови Сад каде што на новинарот му е продолжен екстрадицискиот притвор.

-Судијата за проверка на постапката ја доби документацијата од Република Македонија која беше доставена на македонски и веќе е дадена на толкувач да се преведе на српски јазик. Потоа, комплетната документација и списите ќе бидат доставени до Советот за одлучување на Вишиот суд во Нови Сад, кој е сочинуваат тројца судии кои ќе решаваат дали се исполнети условите Зоран Божиновски да се екстрадира во Македонија, изјави за МРТ, Светлана Томиќ –Јокиќ, портпаролката на Вишиот суд во Нови Сад.
Дали воопшто ќе има испорака на Божиновски, крајниот збор сепак ќе го има српскиот министер за правда. Од новосадскиот суд информираат дека новинарот засега не поднел барање за политички азил.
МВР го бара Божиновски поради сомнение за злосторничко здружување и за шпионажа, но кога обвинението за аферата „Шпион“ стаса во судот, тој беше изоставен со образложение дека постапката за него се прекинува се додека не биде екстрадиран. Во актот не се споменуваат ниту Борис Перков уапсен во Чешка по меѓународна потерница и Јане Младеновски, кој е се уште во бегство. Во меѓувреме, скопски кривичен, во меѓувреме ,треба да го одреди датумот за почеток на процесот.
Новинар: Анита Димитријевска