Тече рокот за доставување годишни сметки
Од четврток до сабота приемот на годишни сметки во хартиена форма ќе се врши во сите канцеларии на Централниот регистар во периодот од 8 до 20 часот...

Законскиот рок за фирмите за доставување годишни сметки во хартиена форма е 28-ми февруари. За трговските друштва што поднесуваат сметка во електронска форма, за трговците поединци и за самостојните вршители на дејност што поднесуваат по избор, во хартиена или во електронска форма, рокот е 15-ти март.
Од четврток до сабота приемот на годишни сметки во хартиена форма ќе се врши во сите канцеларии на Централниот регистар во периодот од 8 до 20 часот.
Во градовите Кратово, Крушево и Демир Хисар, Регистарот ќе работи од 8 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути.
Согласно со Законот, средните и големите субјекти се должни да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма.
