Саудискиот крал владеењето го почнува со дарување пари

26.02.2015 14:39

Просечните граѓани ќе добијат меѓу 5 и 10 илјади долари...

Новокрунисаниот саудиски крал Салман бин Абдулазис Ал Сауд на своите државни службеници ,војници, студенти и пензионери ќе им подари 32 милијарди долари. Ќе ги израдува со паричен бонус во вредност од две просечни плати.
 
Според изјавата на директорот на групата Ешмор за Блискиот исток Џон Сфакианакис за „Њујорк Тајмс“ во Саудиска Арабија се празнува. Просечните граѓани ќе добијат меѓу 5 и 10 илјади долари.
 
Новиот крал на твитер напишал ,, Драги луѓе, вие заслужувате повеќе и што и да направам јас нема да можам да ви го дадам она што го заслужувате.
 
Се проценува дека зад ваквиот гест на новиот крал се крие желбата за ,,мазна и безболна транзиција“.