Марихуаната легализирана и во Вашингтон

26.02.2015 14:43

Жителите на престолнината лани во ноември на референдум се изјасниле за ова решение...

Од ноќеска на полноќ стапи во сила решението во Главниот град на САД Вашингтон да може неказниво да се пуши марихуана. Жителите на престолнината лани во ноември на референдум се изјасниле за ова решение.
 
Во Вашингтон марихуана ќе може да се пуши само дома. Ќе биде забранета на јавните места, а ќе биде дозволено одгледувањето марихуана во домашни услови,  но само три стебла. Граѓаните ќе може да поседуваат само по 60 грама, за колку што се смета дека не може да се предозира со штетни последици. 
 
Претходно за слободно пушење на марихуаната се изјаснија државите Колорадо, Алјаска, Вашингтон и Орегон. Околу половина од сојузните американски држави дозволија марихуана за медицински цели, а во останатите марихуаната не е казнива.