За пет години нови 17 дестинации, 75 % повеќе патници
Менаџментот на ТАВ очекува милион ипол патници годинава. За пет години авиосообраќајот е зголемен за 75 проценти, бројот на авиолинии за 17 нови...

Кон 26 европски дестинации и Дубаи летаат 12 авиопревозници од македондските аеродроми. Менаџментот на ТАВ очекува милион ипол патници годинава. За пет години авиосообраќајот е зголемен за 75 проценти, бројот на авиолинии за 17 нови.
Во 2010- тата Скопје беше поврзан со само 10- тина градови. Од четврти март воздушно поврзување и со Женева, а од охридскиот „Свети Апостол Павле“ и до Базел.
Три нискобуџетски компании оперираат од државава. Со новите пет субвенционирани авиолинии на Виз Ер, крајот на јуни почетокот на јули, рути кон Барселона, Осло, Хамбург , Фридрихсхафен.
Слободните економски зони за 33 проценти го зголемија карго- авиосообраќајот во земјава минатата година. Скопскиот „Александар Велики“ има потенцијал да стане регионален центар – велат менаџерите.
„Во самата градба на аеродромот влезе и изградба на нов карго терминал со капацитет од 40.000 тони што овозможува голем промет на стока. Со развојот на економските зони се зголеми и интересот на странските компании своите производи да ги пласираат со авиони и тој тренд се одразува и во севпкупниот пораст што значи 33 проценти во однос на претходната година“, вели генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски на брифингот со новинарите.
Најфрекфентна дестинација од Скопје е Истанбул, потоа Виена, Цирих, Базел. Менаџментот вели има услови и за интерконтинентални летови, се преговара со повеќе авиокомпании.
Сузана Фиданска- Стоевска
