Одбележани 11 години од смртта на претседателот Трајковски
Владиниот Кингер се урна при слетувањето на мостарскиот аеродром во атарот на Матиќ Брдо близу селото Хускановиќи. За причините за падот на авионот беа спроведени две истраги и беа изготвени два извештаи...

Сончев ден, различен од тмурниот, дождлив кога пред единаесет години загина претседателот Борис Трајковски. Бројни делегации ја одбележаа годишнината од оваа трагична случка. Во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел, цвеќе положија членовите на семејствата и претставници на централната и локалната власт.
Владиниот Кингер се урна при слетувањето на мостарскиот аеродром во атарот на Матиќ Брдо близу селото Хускановиќи. За причините за падот на авионот беа спроведени две истраги и беа изготвени два извештаи.
Истрагите беа спроведени од комисии предводени, првата од Салко Бегиќ, втората, по барање на Македонија, ја водеше Омер Кулиќ во кои беа вклучени и наши експерти.
Беше отворена во јануари 2013-та откако МВР собра дополнителни докази. Иако различни двете лоцираа иста причина за падот на кингерот- пилотска грешка.
Повторената истрага, дополнително покажа и пропусти на надлежните институции во земјава и во Босна и Херцеговина. При последниот извештај беше објавен целиот разговот меѓу пилотите како и со контролорите на летање во послендите минути пред падот на авионот.
И натаму остана неодговорено- зошто потрагата по паднатиот Кингер била наведена на друга локација, а контролата на летање знаела точно каде се урнало леталото.
Во авионската несреќа покрај претстедателот Трајковски животот го загубија членови на делегацијата и екипажот, пилотот и копилотот.
Фиљана Кока
