Објавено е името на ИСИЛ-овиот џелат

26.02.2015 15:34

Станува збор за Мохамед Емвази, Британец за кој се верува дека е од западен Лондон.Тој им бил познат на британските безбедносни служби...

Откриен му е идентитетот на маскираниот припадник на терористичката организација ИСИЛ познат како Џихади Џон кој им ги отсекуваше главите на заложниците од западните земји, јавува ББС.

Станува збор за Мохамед Емвази, Британец за кој се верува дека е од западен Лондон.Тој им бил познат  на британските безбедносни  служби, но несакале да му го откријат името од оперативни причини, наведува ББС. Емвази за првпат се појави на снимка лани во август кога му го одзеде животот на американскиот новинар Џејмс Фоли.

Се смета дека потоа е виден и на снимаките при егзекуцијата на уште двајца хуманитарци, на новинар и на таксист од Велика Британија и од САД. Во минатиот месец се појави на снимката со двајца киднапирани Јапонци непосредно пред нивната ликвидација.