Нова опрема за транспорт на болни од инфективни заболувања

26.02.2015 15:57

Ваква опрема имаат набавено сите развиени здравствени ситеми - вели министерот за здравство Тодоров...

Македонскиот здравствен систем доби целосна опрема за транспорт на болни од ебола, сарс, колера и други инфективни заболувања.

Опремата е сместена во посебна просторија и за неа има посебен режим на чување.

Ваква опрема имаат набавено сите развиени здравствени ситеми - вели министерот за здравство Тодоров.

Опремата чини околу четири милиони денари.