Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ
26 проценти за ВМРО- ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ – најнова анкета на Американскиот републикански институт- ИРИ. Лидерот на владеачката партија останува политичар со најголема доверба...

Владејачката партија има убедлива предност пред СДСМ на последната анкета на Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон. Според ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ води со 26% доверба на граѓаните наспроти опозициската партија која добила поддршка од 10% од анкетираните. Попопуларна од СДСМ е и ДУИ, партијата на Заев е трето рангирана, а ДПА има 5% доверба.
Во анкета на американскиот институт која на политичките партии им била презентирана денеска, политичар кој ужива најголема доверба е премиерот Никола Груевски со 18 проценти, следен е Ахмети со 7, па лидерот на ДПА, Тачи со 4 проценти доверба, последен е лидерот на СДСМ, Заев со 3 проценти.
На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29%, а за СДСМ само 6%. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28%, наспроти онаа на СДСМ во која веруваат само 11%.
28% од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и ЕУ, наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12% од граѓаните. 29% наспроти 9% е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста, предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33% наспроти 10% за СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и на прашањата од меѓуетнички карактер во сооднос 28% наспроти 6%.
Големо водство владејачката партија има и кај прашањата што најмногу ги интересираат граѓаните. За решавање на прашањето на невработеноста огромни 32% имаат доверба во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 9% кои го подржуваат СДСМ.
Најновата анкета на мериканскиот Меѓународен републикански институт, ИРИ е спроведена во периодот од 9-ти до 15-ти декември минатата година врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници.
Катерина Топалова
