Ксукла демантира дека побарал меѓународен мониторинг за Македонија
„Само нечесни мисли би можеле да изведат таков заклучок од мојата изјава“, претседателот на Алијансата на либерали и демократи од Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жорди Ксукла демантира дека побарал меѓународен мониторинг за Македонија поради актуелната состојба. Дел од медиумите деновиве пренесоа негова изјава која се покажа како неточна...

Претседателот на Алијансата на либерали и демократи за Европа од Парламентарното собрание, Жорди Ксукла ја демантира информацијата дека побарал мониторинг за македонија во Советот на Европа. Европскиот политичар е револтиран од од пристрасните и неточни интерпретации на неговите зборови.
„Земајќи ја во предвид погрешната интерпретација на мојата последна изјава објавена на 24-ти февруари за актуелната политичка ситуација, со која Македонија се соочува во последно време, невозможно е да се заклучи дека јас сум побарал враќање на Република Македонија во постапка на мониторинг во Советот на Европа. Само зли, нечесни мисли би може да изнесат таков заклучок од мојата изјава“, соопшти Ксукла.
Таква инфомрација беше објавена на неколку опозициски медиуми како обид да се сокрие првичната изјава на Ксукла за случувањата во Македонија. Тој се огласи со осуда на заканите на Заев кон Груевски. Напиша дека смета оти поголем број од разговорите со кој се заканува Заев не се точни и дека се производ на странски тајни служби. Ги повика социјал демократите да се вратат во Парламентот и целосно да ги почитуваат демократските стандарди.
Овој неуспешен обид да се сокрие вистината со извитоперување на изјавата на либерало не е единствен во опозициските медиимуи сметаат аналитичарите. Конструкциите личните навреди и вулгарности ја покажуваат сета нервоза кај нив.
„Сведоци сме на најниска можна култура на однесување. Она што до вчера беше вулгаризам и беше невозможно да излезе во медиуми, сега сме сведени на едно кич новинарство, во кое наместо дебата доаѓа до лични пресметки“, смета новинарот Дејан Андоновиќ.
За аналитичарите, грешно пренесената изјава на европратеникот Жорди Ксукла претставува меѓународен скандал, бидејќи реагираше угледен европски политичар по манипулација со негова изјава.
Миле А. Ристески
