Феенорд или Рома?
Јасно е дека атмосверата на Де Кујп ќе биде жестока, а се преземаат максимални мерки така да не биде и пред мечот на улиците на Ротердам по најавите дека голема група навивачи на Рома се во Холандија...

Со само теоретски шанси за освојување на титулите во националните првенства екипите на Феенорд и Рома сезоната ќе ја спасуваат на европската сцена иако меѓу најдобрите 16 во второто по ранг европско натпреварување ќе има место само за еден. Лига Европа ќе биде мала утеха за римјаните кои до неодамна беа во конкуренција за трофејот во калчото со Јуве што ќе беше утеха по елиминацијата во групната фаза во лигата на шампионите, но серијата лоши резултати и само 4 –те победи во последните 15 натпревари ги доведоа црвено-жолтите во позиција да стравуваат и за второто место во серија А, а ремито со Феенорд 1-1 во првиот натпревар од 1/16 –финалето во Лига Европа им ги намали и шансите во обидот по трет пат во клупската историја да стигнат во завршницата на едно европско натпреварување. Во прилог не им оди и фактот дека Феенорд е без пораз од италијански екипи на домашен терен на 5 натпревари, а Рома пак ги загуби досегашните 2 гостувања во Холандија.
И ако Феенорд е во серија од 4 европски победи на Де Кујп, тогаш Рома е без победа на последните 6 средби на гости во еврокуповите и на 5 средби во серија вклучувајќи ги и домашните порази –катастрофалниот од Баерн со 7-1 и 2-0 од Манчестер Сити во групната фаза од лигата на шампионите.
Сепак, познавачите повеќе шанси за успех во двомечот со Феенорд и даваат на Рома,пред се поради поквалитетниот состав предводен од Тоти во кој денеска може да има место и за Љаиќ и Пјаниќ,кои заедно со Жервињо ќе бидат подршка во нападот за иконата на клубот.
Итурбе е подготвен за настап по повредата ,но се чини шансата сепак ќе ја чека од клупата.
За разлика од Гарсија,стратегот на Феенорд се соочува со поголеми проблеми поради суспензиите на капитенот и нисител на играта Имерс и дефанзивецот Вилкшир,па улогата на креатор и подршка на стрелецот на израмнувачкиот гол на Олимпико Казим Ричардс ќе ја преземе нејефикасниот во екипата Јенс Торнстра. Секако Рутен смета и на бројот 12 во екипата кој е повлечен од употреба а им припаѓа на навивачите на клубот. Јасно е дека атмосверата на Де Кујп ќе биде жестока, а се преземаат максимални мерки така да не биде и пред мечот на улиците на Ротердам по најавите дека голема група навивачи на Рома се во Холандија.
Со нив и огромен број италијански полицајци зошто како што велат холандските безбедносни служби –тие знаат најдобро како со нивните навивачи откако римјаните се бесни по дивеењето на холандските фанови на шпанскиот плоштад, уништената фонтана и направената штета што се проценува на над 200.000 евра.Од градоначалникот на Рим потекна и идеја за пријателски натпревар на Олимпико меѓу селекциите на Холандија и Италија од кој средствата би биле наменети за санација,но најслатката одмазда на римјани сепак би била победа на Рома среде Ротердам. Ќе биде ли така проверете на првиот програмски сервис на МРТ од 21 часот.
