Експерти: Груевски со факти ги разби конструкциите на Заев

26.02.2015 17:09

По новите детали што ги откри премиерот за случајот „Пуч“ дел од експертската јавност со впечаток дека Груевски со факти ги разбил конструкциите на Заев. Според нив, плановите на опозицијата паѓаат во вода, а власта е во офанзива...

„Со факти и аргументи, премиерот Груевски ги разби конструкциите на лидерот на СДСМ, Заев“ - ова е впечатокот на  експертите по синоќешното обраќање во Владата и неколкунеделните прес-конференции на Бихаќка. Говорејќи за случајот „Пуч“, а според сознанија од МВР, премиерот Груевски откри нови детали за однесувањето на фамилијата Верушевски и нивното работење спротивно на македонските интереси.

„Дали некој од вас, доколку е невин и по некој случај му дојде полиција за претрес, ќе го крши компјутерот со секира, ќе го фрла мобилниот низ прозор, и дали некој нормален човек со сопругата и децата се допишуваат намесно со букци и зборови, со бројки, шифри кои секој од нив знае да ги дешифрира и да ги претвори во текст“, рече вчера во својот говор, премиерот Никола Груевски.

Впечатокот, според експертите, е дека Груевски ги демаскирал и странските служби и домашната агентура, која преку свои платеници одработувале за опозицијата и за странски интереси. Експертите сметаат дека, се потврдило дека Заев е марионета на странците и дека тој не ја разбира играта која се води против Македонија.

„Зад снимањето стоеи странска разузнавачка служба, чиј главен соработник во Македонија било лицето З.В. кој во земјава развил своја агентурна мрежа. Во неговиот лап топ покрај останатите работи, пронајдени се и транскрипти на телефонски разговори преведени на англиски јазик, пред кои стои опис на имињата на лицата кои го водат разговорот и нивните меѓусеби релации, а исто така во матерјалите има и политичка анализа. Овде играта не е Зоран Заев, тој е само еден најобичен инструмент, камиказа, овде играта е многу поголема, преголема за неговите сфаќања“, нагласи премиерот Груевски.

Заклучокот на експертите е дека Груевски е сега во офанзива, а плановите на опозицијата паднале во вода..Премиерот одговори и на дилемата на што ќе личи политичката борба ако секој место со проекти и идеи се врзе со странските служби и со прислушкување се обиде да ја добие довербата да ја води државата.. Аналитичарите велат дека пропадна обидот на Заев да го намести премиерот како одговорен за прислушкувањето.

 

Наташа Гркова- Петрушевска