Ивановски на состанок во Париз за широкопојасен интернет

27.02.2015 08:42

На состанокот ќе се разговара за дефинирање на клучните елементи од програмата и стратегијата на Комисијата за периодот 2015-2016 година, со поставување на нова глобална развојна агенда, како и за краткорочните и среднорочните приоритети...

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе учествува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што се одржува во Париз.
 
На состанокот ќе се разговара за дефинирање на клучните елементи од програмата и стратегијата на Комисијата за периодот 2015-2016 година, со поставување на нова глобална развојна агенда, како и за краткорочните и среднорочните приоритети.
 
Состанокот ќе го отворат претседателот на Комисијата Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, а најавено е учество и на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, генералниот секретар на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), Хуолин Жао, како и на политички претставници од повеќе држави.
 
На маргините на состанокот, министерот Ивановски ќе оствари средби со повеќе претставници од информациско-телекомуникациските технологии.