Одбележување на Меѓународниот ден на ретки болести

27.02.2015 08:44

Целта е да се подигне јавната свест за ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите...

Под мотото „Ден за ден, рака под рака“ денеска Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ ќе го одбележи Меѓународниот Ден на ретки болести.
 
Целта е да се подигне јавната свест за ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите.
 
Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена и изложба „Гушни ја реткоста“ која е во продукција на „Лице в лице“ и направена во соработка со агенцијата „Холистик“, здружението „Живот за предизвици“ и Националната алијанса за ретки болести.
 
Денот на ретки болести за првпат беше одбележан во 2008 година кога повеќе од 1000 настани се организираа во светот.