Половина милион евра за промоција на македонскиот земјоделско- прехранбен сектор
27.02.2015 13:18
Со половина милион евра државата ќе го промовира македонскиот земјоделско- прехранбен сектор. Досегашното искуство покажа дека претставувањето на светските саеми има резултати...

Поддршката за промоција е зголемена и изнесува половина милион евра.
Со програмата за рурален развој се обезбедуваат субвенции за настап на светските саеми за свежи производи, храна и вино за поголем извоз на нови пазари со голема куповна моќ како што се Русија, Кина, ЕУ и САД.
Државата на ваквите манифестации обезбедува промотивен простор како македонски национален штанд, дизајниран според нашата препознатливост како земја со вкусна храна, богата со културни специфичности и традиционални особености.
Методија Трајков
