Македонија повеќе не е меѓу земјите што можат да бидат извор на кризи!
Американската администрација ја повлече Македонија од списокот држави – закани за светот. Поради појавата на политички тензии, во извештаите во изминатите две години заедно со Босна, Србија, Косово и Албанија беа вбројувани како главни извори на нестабилност во регионот...

Македонија повеќе не е меѓу земјите што можат да бидат извор на кризи, американската администрација ја повлече од списокот држави – закани за светот.
Поради појавата на политички тензии, во извештаите во изминатите две години заедно со Босна, Србија, Косово и Албанија беа вбројувани како главни извори на нестабилност во регионот.
Во годинашниот рапорт е посочена само Турција како клучен партнер на САД, во борба против Исламската држава на Ирак и Сирија и паралелните обиди да се стави крај на нивното дестабилизирање.
Најголема опасност според директорот за национално разузнавање клапер се информатичките напади врз американската влада и компаниите.
Извештајот проценува дека последиците од кризата во Украина ќе бидат долгорочни врз Русија.
