Голем интерес меѓу младите за работа во АРМ

27.02.2015 13:27

Низ строги критериуми на селекција, висок степен на психофизичка подготвеност минуваат кандидатите за прием во полкот за Специјални операции...

Речиси 1.000 кандидати се пријавиле на конкурсот за ангажман на 250 професионални војници. Голем интерес меѓу младите за работа во Армијата.

Низ строги критериуми на селекција, висок степен на психофизичка подготвеност минуваат кандидатите за прием во полкот за Специјални операции, кој одбележува 21 година професионализам во Армијата.

Во касарната „Илинден“ се одржува показна вежба – уништување на терористичка група.

Со оваа единица Армијата во 1994- тата ја започна професионализацијата.