Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица

27.02.2015 14:25

Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два...

Американска компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
 
Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.
 
„Во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика“, рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, Општина Бутел.