Протести во Грција против Владата на Ципрас
27.02.2015 14:38
Ова се први протести по изборот на новата влада која вети договор со кредиторите за отпис на долговите и мерките за штедење...

Повеќе од 500 демонстранти синоќа излегоа на протести против владата на премиерот Алексис Ципрас. За време на демонстрациите дошло до судир со полицијата, при што биле запалени неколку автомобили и автобуска станица.
Ова се први протести по изборот на новата влада која вети договор со кредиторите за отпис на долговите и мерките за штедење.
Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле изјави дека Грција нема да добие финасиска помош додека не ги исполни ветувањата. Денеска Бундестагот треба да гласа за ратификација на спогодбата со Грција.
