Состојбата во Украина тема на средбата меѓу Кери и Лавров во Женева

27.02.2015 14:50

Претставниците на Русија и САД ќе учествуваат на состанокот на Советот на ОН за човекови права, кој ќе се одржи на втори март...

Средба на шефот на руската дипломатија Лавров и американскиот државен секретар Кери, в понеделник во Женева. Состојбата во Украина ќе биде главна тема на разговорите, соопшти потпаролот на Стејт департментот, Џејн Псаки.  

Претставниците на Русија и САД ќе учествуваат на состанокот на Советот на ОН за човекови права, кој ќе се одржи на втори март.

Во рамките на посетата на Женева предвидено е Кери да има средба и со иранскиот министер за надворешни работи за решавање на проблемот околу иранската нуклеатна програма.