Фудбал

Дуели со голема привлечност

27.02.2015 14:57

Во Нион се формира инспиративна 1/8 финална рунда од Лигата на Европа...

Суперинтересни натпревари, неизвесни дуели, еднонационални пресметки...! Во Нион се формира инспиративна 1/8 финална рунда од Лигата на Европа.

Извлекувањето на жрепката беше полудиригирано, во кое поради актуелниот горлив политички момент беше одбегнато меѓусебе да играат руските и украинските екипи.Италијанската доминантност со дури пет клубови меѓу 16-те, не можеше да одмине барем едно меѓусебно соочување,а тоа ќе е меѓу Фиорентина и Рома. 

По оваа рунда во игра ќе остане само една шпанска екипа.Се споија куглиците на извлекувањето, во кои беа имињата на Вилјареал и Севилја! Голема шпанска битка! Печат на осминафиналето ќе остават и руско-италијанските мечеви:Зенит-Торино и Наполи-Динамо Киев. 

Украинците добија еминентни противници: Дњипро ќе игра против Ајакс, а Динамо Киев ќе се соочи со Евертон. Голема доза на фудбалски елитизам ќе има меѓу разиграниот Волзбург и прекалениот Интер, како и меѓу амбициозните за висок лет  Бриж и Бешикташ.

Лига на Европа: 1/8 финале

Евертон-Динамо Киев

Дњипро-Ајакс

Зенит-Торино

Волфзбург-Интер

Вилјареал-Севилја

Наполи-Динамо Москва

Бриж-Бешикташ

Фиорентина-Рома

Термините за одигрување се 12-ти и 19-ти март.