Нереди во Атина: Прв протест против владеачката Сириза

27.02.2015 16:20

Протестите на кои што присуствуваа околу 500 лица, се организира непосредно пред гласањето во германскиот Бундестаг за обезбедување новa финансиска помош за Грција, откако беше постигнат договор за четири месечно пролонгирање на кредитната програма и спроведување реформи...

Нереди и насилство на првиот протест во Атина против владеачка Сириза. Со молотови коктели и камења кон полицијата, дел од демонстрантите го искажуваа својот револт кон постигнатиот договор за финанасиска помош. Беа опожарени и неколку автомобили, а се уништуваа и излозите на околните продавници.

Протестите на кои што присуствуваа околу 500 лица, се организира непосредно пред гласањето во германскиот Бундестаг за обезбедување новa финансиска помош за Грција, откако беше постигнат договор за четири месечно пролонгирање на кредитната програма и спроведување реформи.

Иако грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја брани спогодбата која што беше постигната минатата недела, дел од членовите на неговата партија изразуваат незадоволство од неа, нагласувајќи дека владата не ги исполнува предизборните ветувања.

Германскиот Бундестаг пак, со големо мнозинство го одобри продолжувањето на спасувачката помош за Грција.

„Најпрвин владата направи најави кои што сега ги повлече и сега сакаат да ја исполнат програмата. Ова е декларацијата што се постигна на 19- ти февруари, после тешките преговори“, изајви Волфганг Шојбле – министер за финансии на Германија.  

И покрај постигнатиот договор, Гермaнија изразува сомнеж во заложбите на новата грчка влада за спроведување на договорените реформи.

 

Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ