Реакции за „Пуч“: Заев ја губи и разнишаната доверба
Новинарите како прашање ја отвораат спрегата на Социјалдемократите и фондацијата СОРОС која соработува со голем број на медиуми...

Со вештачката поделба на новинарите на ваши и наши, лидерот на опозицијата Зоран Заев и Социјал демократите се повеќе ја губат и онака разнишаната доверба кај граѓаните, велат претставници на фелата.
Според нив, токму квалификацијата на Заев дека има професионални и пропагандни медиуми е една од неговите најголеми грешки. Ставот е дека новинарите и медиумите селективно се злоупотребуват за подигање на партискиот рејтинг.
Новинарите како прашање ја отвораат спрегата на Социјалдемократите и фондацијата СОРОС која соработува со голем број на медиуми. Податоците покажуваат дека изминатите 20 години, СОРОС на Владимир Милчин дава по 5 до 6 милиони евра годишно на медиуми блиски до опозицијата.
Со ова се доаѓа до бројка од близу 93 милиони евра за медиуми, но, и невладини организации блиски до СДСМ во изминатите две децении. Одредени новинари открија дека Милчин бирал кои колумнисти и каде, можат да објавуваат свои текстови.
За време на владеењето на СДСМ, кога вицепремиер беше Радмила Шеќеринска се случи и аферата „Фабрика“ за која се зборуваше дека биле инволвирани новинари кои подготвувале извештаи и материјали за владата.
Во последните објави на дел од медиумите се откриваат и бизнис-релации на новинари и опозициски функционери.
Миле А. Ристески
