Едночасовен прекин во сообраќајот од Охрид до Кичево
28.02.2015 11:05
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани по на места влажни коловози...

На патниот правец Охрид-Кичево денеска од 13 до 14 часот ќе има прекин во сообраќајот. Како што информира АМСМ, прекинот е поради минирање во делот Врбјани - Пресека.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани по на места влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
