Бизнисот поврзува села во струмичко
Доколку наскоро тргнете од Трибичино кон Варварица, нема веќе да ви треба многу храброст, соодветно превозно средство и адреналин. Бизнис секторот се вклучи во акција за пробивање на патот меѓу овие две села. Бизнисменот Симеон Крстев, кој во Варварица има голем овоштарник одлучил да инвестира околу 100 илјади евра за подобрување на патната инфраструктура во должина од 7 километри. Верува дека овој регион, може да заживее.
-Вода има, струја има, се може да биде. И народот може да се врати, и да се развие и сточарство, се, вели Симеон Крстев- инвеститор.

Локалните власти сметаат дека ова е одличен пример како бизнис секторот може да помогне директно во подобрување на условите на живот во општината. Градоначалникот на Општина Василево, вели дека Варварица ги има сите предуслови за развој на рурален туризам, а дека се прават напори и за поврзување на Василево со соседното Конче.
-Со пробивањето на патот, ние како локална самоуправа со Бирото за рурален развој имаме иницијатива за поврзување на Општина Василево со Општина Конче, односно поврзување на Трибичино- Варварица- Долни Липовиќ, вели Ванчо Стојанов- градоначалник на Василево .
Варварица е едно од многуте напуштени села во општина Василево. Ваквите иницијативи може да бидат импулс за враќање на месното население, за развој на аграрот, но и на туризмот.
Новинар: Катерина Дафчева
Снимател: Кире Пиличев