Јанакиески: Целосно е почитуван законот за градење за случајот Космос

28.02.2015 13:22

Одговорно тврдам дека целосно е почитуван законот за градење, бидејќи Министерството за транспорт и врски на двапати ја прифати жалбата на инвеститорот и притоа беше издадено одобрението за градење, рече Јанакиески...

Снимките кои беа вчера презентирани во јавноста претставуваат монтиран процес на странски служби, кои Зоран Заев ги користи за свои цели, односно неговата цел е да дојде по секоја цена на власт, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во однос на случајот Космос, кој вчера беше презентиран, тој истакна дека целосно е постапувано согласно законот.

Одговорно тврдам дека целосно е почитуван законот за градење, бидејќи Министерството за транспорт и врски на двапати ја прифати жалбата на инвеститорот и притоа беше издадено одобрението за градење. По утврдување на фактичката состојба од страна на општината Гази Баба за што вчера имаше соопштение беше утврдено дека објектот не е во согласност со проектот и заради тоа беше донесено тоа решение. Потоа беше доставена жалба до Министерството која беше одбиена согласно член 69, став 3 од Законот за градење дека решението на Министерството за транспорт и врски и на општината Гази Баба се во согласност со законот покажува и фактот што компанијата сама ја повлече жалбата од Управниот суд што ја поднесе, појасни Јанакиески.

Тој посочи дека и инвеститорот имал изјава оти комплексот Космос е дивоградба и оти Министерството исклучиво постапувало согласно Законот за градење.