Ракомет – СЕХА лига

Секогаш на победа

28.02.2015 14:51

Во претпоследниот натпревар од лигашкиот дел двојниот победник на регионалното натпреварување,екипата на македонскиот вицешампион Вардар гостува во Прешов на Татран во обид со победа и дефинитивно да го обезбеди второто место зад неприкосновениот Веспрем...

Финишираат натпреварите од регуларниот дел на СЕХА ракометната лига. Во претпоследниот натпревар од лигашкиот дел двојниот победник на регионалното натпреварување,екипата на македонскиот вицешампион Вардар гостува во Прешов на Татран во обид со победа и дефинитивно да го обезбеди второто место зад неприкосновениот Веспрем.

Хендикепт за Вардар е повредата на Абутовиќ на натпреварот што во четвртокот Вардар го доби на гости против Раднички, но според тренерот Гонзалес вардарци имаат квалитетен ростер и играчи што знаат да се соочат со предизвикот и секоја ситуација. Со респект кон словачкиот шампион кој е одличен на домашен терен сепак од црвено-црниот табор најавуваат победа како вовед во спектаклот од последното коло на 7 март кога дома ќе го пречекаат Веспрем, но и за одржување на победничкиот ритам во пресрет на осминафиналните натпревари против Висла во лигата на шампионите.

За разлика од Вардар, екипата на Металург веќе ја загуби фаворитската улога и во регионалното натпреварување, па со скромни шанси патува во Белорусија на утрешниот натпревар против Брест Мешков, особено што тројцата нови ракометари голманот Ефендиќ, десниот бек Голубовиќ и пивотот Вргоч, на располагање на Червар ќе му бидат од понеделник.

Од викенд СЕХА понудата на македонската телевизија, вечер е преносот од натпреварот Татран– Вардар од 18 часот на Собранискиот сервис на МРТ.