Се менува структурата на пазарот на труд
Странските инвеститори ја променија структурата. Бараат совршен англиски, работа со комјутери, тимска ориентација. Им недостигаат профили од машински и технички струки, покажуваат истражувањата. Чаре наоѓаат кај образовните институции...

Програмери, консултанти, архитекти, инженери- кадри со висока цена на пазарот на работна сила. Странските инвеститори ја променија структурата. Бараат совршен англиски, работа со комјутери, тимска ориентација. Им недостигаат профили од машински и технички струки, покажуваат истражувањата. Чаре наоѓаат кај образовните институции.
Образованието да се прилагоди според барањата на пазарот на работна сила, пред да се определат младите да проверат, со кои струки полесно ќе најдат работа- сугерираат познавачите. Над 80 насто се запишуваат на факултет, нема кадар од стручните средни училишта. Спас- преквалификација. Ретко кој наоѓа работа според струка.
Стручни соработници, правници, систем администратори, но и магационери, механичари, шивачи – меѓу најбараните профили. Од сите нив има, занаети нема- ретко се наоѓаат бравари, монтери.
Учи сине за да работиш помалку, да станеш службеник, не како мене, работник – совети што низа генерации ги пишманија да одберат занаети.
Странските фирми вложуваат пари во обуки, домашните бараат квалификуван кадар.
На листата најбарани професии во високоразвиените земји, кадри од информатичките и комуникациските технологии, менаџери на одржливост, адвокати на пациенти, генетски инженери. Сајбер безбедноста и обновливите извори на енергија ќе наметнат потреба од нови кадри на пазарот на труд.
Сузана Фиданска- Стоевска
