Проекти

Груевски: Ќе растат пензиите и социјалната помош

28.02.2015 17:48

Премиерот Никола Груевски најави ново зголемување на пезниите во септември. Динамиката ќе биде запазена, моменталната политичка состојба нема да ја наруши реализацијата на ветените прокти, изјави премиерот...

Политичките случувања во земјата нема да влијаат на динамиката со која се реализираат владините проекти, како и на најавените зголемувања на пензиите и на социјалната помош, оценува премиерот Груевски.

Просечната пензија досега, вели, е зголемена за околу 62%, додека минималната за повеќе од 70%.

„Ќе следи и натамошно зголемување онака како што е предвидено во програмата. Оваа година тоа ќе биде во септември со октомвриската пензија. И социјалната помош ќе се зголеми за пет отсто, онака како што беше предвидено и ветено во програмата за кон средината на годинава“, изјави премиерот Никола Груевски.

Со предвидената динамика ќе се реализираат и тансформациите на вработувањата во државните институции. Луѓето кои со години биле ангажирани со времени договори, некои дури и по 18 години, ќе добијат трајни вработувања.

„Рокот, истекува на 12 март, до кога раководните лица на институциите каде што има вакви луѓе, треба да ги потпишат решенијата со кои ќе стапат во работен однос“, нагласува Груевски.

Работниците, рече Груевски кои заклучно со ноември, најмалку три месеци имале нерешен статус ќе бидат прифатени од институциите во кои работат, но услов е да немале пауза во ангажманот не подолга од еден месец.

 

Анита Димитријевска