Експерти за „Пуч“: Опасните сценарија не поминуваат

28.02.2015 18:53

Пресудата на еден од инволвираните во случајот „Пуч“ го спречи сценариото за дестабилизација на земјата, сметаат аналитичарите. Признанието претставува крунски доказ во правото, констатираат експертите...

Лидерот на СДСМ Заев очигледно живее во ирелевантен свет, сметаат аналитичарите, бидејќи објавува креирани материјали за прислушување, со кои патем се заканува на амбасадори,обвинители,судии,новинари,но јавноста е свесна дека таквото сценарио пропаѓа. Доказ за тоа, според експерите, е првата пресуда за случајот „Пуч“ со која Звонко Костовски доби 3-годишна затворска казна, откако целосно призна дека бил вклучен во агентурна мрежа чиј мозок бил поранешниот прв разузнавач Верушевски. Заев неколку пати јавно призна дека бил во тесна врска со Верушевски. Во правото крунски доказ е признанието на осомничениот.

„Се поостри ќе бидат, поопасни, поагрсеивни, бидејќи се дотерани до ѕид, имаат судско признание, имаат пресуда, каде што обвинетиот ја признава целата работа, го разоткрива целото сценарио, целата игра политички ја разобличува, така што во една правна процедура, во рамките на системот, вистината доаѓа до израз“, смета професорката Тања Каракамишева-Јовановска.

Во образложението на судската пресуда стои дека Осудениот Звонко Костовски со умисла го злоупотребил системот на МВР и во соработка со Зоран Верушевски подолго време неовлестено го прислушувале целиот државен врв и јавни личности од земјава, а информациите ги предавале на странска служба. За сето тоа добивал големи суми пари.Второосомничениот,  вработен во МВР, стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните. Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на високи функционери и лица познати од јавниот живот. Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.Според аналитичарите,со ова се потврдува дека на Зоран Заев не му успеа шемата да ги намести Груевски и Мијалков дека тајно прислушувале. Каракамишева, вели дека сценариото креирано на Бихаќка за дестабилизација во земјава не поминува, а СДСМ се повеќе станува антисистемска партија.

„Го одбраа ова полесново, односно некој друг да има ја заврши работата, некој друг на да ги собере сите материјали преку преслушкување на незаконски начин, некој друг да им го одработи тоа, преку странска служба, некој друг тоа да им го пласира, а тие само да дојдат на власт и на тој начин преку криминогени активности да му се додворуваат на народот. Тоа не бива така, никогаш не бивало. Во моментов тие делуваат буквално како лего коцки расфрлани низ соба. Толку се на сите страни расфрлани, разобличени и целата нивна стратегија е распукана по шавови“, објаснува Каракамишева- Јовановска.

Експертите по кривично право се согласни дека вистината и фактите треба да се појават во судската постапка и дека Јавното обвинителство треба да ја држи сега целата оваа ситуација кога постојат основи или основано сомневање дека се сторени казнени дела „незаконско прислушување“.

Милчо Велески