Промовирани 12 нови книги

28.02.2015 19:42

Проектот ќе се заокружи со уште 81 наслов, но поради големиот интерес ќе се прошири за дополнителни 200 учебници...

Се промовираа 12 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги. Изданијата се од областа на филозофијата, информатиката, уметноста, техничките науки.

Проектот ќе се заокружи со уште 81 наслов, но поради големиот интерес ќе се прошири за дополнителни 200 учебници.

Конкурсот на првите 50 е веќе почнат. Акцент ќе се стави врз книгите кои ќе им помогнат на луѓето од ИТ секторот за унапредување на знаењата.