Кошарка – АБА лига

Аеродромци против љубљанчани за самодоверба!

28.02.2015 19:49

Тоа сепак не значи дека МЗТ Скопје може да ги остави на страна обврските во АБА лигата. Напротив, по петте врзани порази, на кошаркарите им е неопходна победа во 23-то коло...

Откако го загубија трофејот во Купот, МЗТ Скопје комплетно се посвети на одбраната на првенствената титула. За таа цел во „Јане Сандански“ се врати словенечкиот тренер Алеш Пипан, официјално си замина Американецот Дион Диксон, а утре против Олимпија ќе дебитира српскиот плејмејкер Марко Љубичиќ.

Тоа сепак не значи дека МЗТ Скопје може да ги остави на страна обврските во АБА лигата. Напротив, по петте врзани порази, на кошаркарите им е неопходна победа во 23-то коло  за да ја вратат самодовербата. И Олимпија е шокирана по елиминацијата во полуфиналето на домашниот куп, го замени Пипан со Мехмед Бечировиќ и во Скопје доаѓа со подобар меѓусебен биланс 3:2, вклучувајќи го и триумфот во Љубљана од седум поени разлика. Теоретски, на гостите мечот им е поважен затоа што се уште се во игра за четвртото плеј –оф место, додека МЗТ Скопје до крајот може само да ја избегне претпоследната позиција.

Преносот од утрешниот дуел МЗТ Скопје – Олимпија ќе биде на МРТ Собранискиот сервис во 17 часот.