Кошарка – Прва лига

Може ли Кожув да му се реваншира на Работнички?

28.02.2015 19:50

Во 15-то, Кожув има шанса да му се реваншира на Работнички за поразот во Куп - финалето...

Во ситуација кога моментално шесте најдобропласирани екипи во Првата македонска кошаркарска лига се во растојание од само три бода, нема неважно коло или натпревари..

Во 15-то, Кожув има  шанса да му се реваншира на Работнички за поразот во Куп - финалето, но на гевгеличани поважна им е победата против лидерот затоа што се шести. Преносот ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 20 часот.

Во другите два саботни меча ќе играат Фени Индустри – Гоце Делчев и Карпош Соколи – Водњански лисици. МЗТ Скопје Аеродром во Струмица ќе гостува в среда.