Мавровски меморијал

Нордијците од Романија најбрзи!

28.02.2015 19:51

Кај мажите, на патеката од 10 километри најбрз беше Pаул Pепене. Македонски натпреварувачи се пласираа од деветтото до 11-то место...

Романска доминација на саботните трки на 52-от Mавровски меморијал иако нордијците од оваа земја последни се приклучија на Bистра, збогатувајќи ја конкуренцијата на 56 учесници од осум земји.

Кај мажите, на патеката од 10 километри најбрз беше Pаул Pепене. Македонски натпреварувачи се пласираа од деветтото до 11-то место и тоа Дарко Дамјановски, па Тони Станоевски и Ѓорѓи Ицковски.

Победничка на петте километри во женска конкуренција беше Тимеа Сара, додека македонската нордијка, Росана Кировска го освои петтото место што е нејзин најдобар пласман на трките на патеката Мирна долина.