Кошарка – НБА

Атланта победи, три поени за Антиќ!

28.02.2015 19:52

Атланта е лидер во Источната конференција, но процентуално е со втор ефект во лигата иако има триумф ...

Атланта се намачи, но го совлада аутсајдерот Орландо со 95:88 во НБА програмата од 14 натпревари. Во 45-та победа на Хоукс, Перо Антиќ учествуваше со една тројка.

Атланта е лидер во Источната конференција, но процентуално е со втор ефект во лигата иако има триумф повеќе од првиот на западот, Голден Стејт. Вориорс коишто славе на гости кај Торонто со 113:89 имаат пораз помалку.

Во другите натпревари: Индијана – Кливленд 93:86, Филаделфија – Вашингтон 89:81, Бостон – Шарлот 106:98, Детроит – Њујорк 115:121 по продолжение, Чикаго – Минесота 96:89, Хјустон – Бруклин 102:98, Мемфис – Клиперс 79:97, Њу Орлеанс – Мајами 104:102, Денвер – Јута 82:104, Сакраменто – Сан Антонио 97:107, Лејкерс – Милвоки 101:93 и Портланд - Оклахома 115:112 и покрај 40-те поени, 13-те скока и 11-те асистенции на Расел Вестбрук што е негов трети „трипл – дабл“ по ред.