Тројна австријска победа на спустот во Гармиш!
34-годишниот ветеран беше побрз за само стотинка од Ромед Бауман и за 24 од Матијас Маер...

Австријските скијачи немаа конкуренција на спустот во германски Гармиш, но приредија драма којашто заврши со победа на Ханес Рајхел, негова десета во кариерата, трета сезонава. 34-годишниот ветеран беше побрз за само стотинка од Ромед Бауман и за 24 од Матијас Маер, па сега е втор во поредокот во најбрзата дисциплина со 86 бода помалку Кјетил Јансруд. На осмиот од десете спуста, Норвеженцот потрфрли и беше само 12-ти, но сепак ја намали негативата во генералниот пласман на 103 бода во однос на Австриецот Марсел Хиршер. До крајот на Светскиот куп има уште девет трки.
Во женска конкуренција остануваат единаесет, доколку во ФИС најдат термин и место да ги надополнат откажаните супервелеслаломи во бугарско Банско. И денешниот не се одржа поради густата магла.
