Вардар фуриозно во Прешов
Почетокот не навести таков развој на настаните особено по водството на татран со 6-0 по првите 8 минути,но црвено-црните брзо се консолидираа ,го намалија бројот на технички грешки,засилија во одбраната и на полувреме заминаа со 12-12...

Рутинска победа на ракометарите на Вардар на гостувањето во Прешов во дуелот со словачкиот шампион Татран од 34-29 во претпоследниот натпревар од СЕХА ракометната лига со која го обезбедија второто место и директниот настап во полуфиналето на фајнл-фор турнирот.
Почетокот не навести таков развој на настаните особено по водството на татран со 6-0 по првите 8 минути,но црвено-црните брзо се консолидираа ,го намалија бројот на технички грешки,засилија во одбраната и на полувреме заминаа со 12-12.
Вистинската моќ Вардар ја демонстрира во второто полувреме без оглед на отсуството на Штербик,Брумен,Тоскиќ и Абутовиќ,а и со постојана ротација на ракометарите што беа на клупата гостите на неколкупати имаа и 6 разлика за на крајот да триумфираат со 34-29..Марковиќ и Стоилов имаа одличен настап со 8 односно 6 погодоци без промашување во второто полувреме,а свој удел имаше и голманскиот тандем Ангелов –Милиќ со вкупно 13 интервенции.
Последниот предизвик во СЕХА пред завршниот турнир за Вардар ќе биде дербито со лидерот на табелата Веспрем на 7 март во Скопје.
