Екипно злато за норвешките скокачи!
На претпоследниот ден на нордискиот мундијал, Бардал, Јакобсен, Фанемел и Вента собраа дваесет поени повеќе од австријската четвррка Крафт, Хајбек...

Конечно, заврши десетгодишната златна серија на австријските скокачи. По пет Светски првенства, Норвешка е екипен шампион на големата скокалница и тоа на местото каде што го освои претходниот и втор златен медал, во шведски Фалун во 1993-та година.
На претпоследниот ден на нордискиот мундијал, Бардал, Јакобсен, Фанемел и Вента собраа дваесет поени повеќе од австријската четвррка Крафт, Хајбек, Попингер и Шлиренцауер и 25 во однос на бронзениот тим на Полска, Жила, Муранка, Зиобро и Штох.
Во пресрет на утрешните трки во класичен стил на 50 километри во машка и на 30 во женска мконкуренција, најуспешна нација е Норвешка со 18 медали, 10 златни.
