Кошарка – Прва лига

Кожув по традиција подобар од Работнички во гевгелија!

28.02.2015 22:55

Во 15-то, Кожув брзо го надмина куп - поразот и беше подобар од лидерот Работнички со 85:73. Со екипата од Градски парк на врвот со по 22 бода...

Во ситуација кога моментално шесте најдобропласирани екипи во Првата македонска кошаркарска лига се во растојание од три бода, нема неважно коло или натпревари.

Во 15-то, Кожув брзо го надмина куп - поразот и беше подобар од лидерот Работнички со 85:73. Со екипата од Градски парк на врвот со по 22 бода се и Карпош Соколи којшто славеше против Водњански лисици со 92:83 и Фени Индустри којшто триумфираше против Гоце Делчев со 109:86... Слободен во ова коло е Куманово, додека МЗТ Скопје во Струмица ќе гостува в среда.

Утре пак, аеродромци повторно под водство на словенечкиот тренер Алеш Пипан, во 23-то коло од АБА лигата ќе играат токму против неговиот претходен клуб, Олимпија. Преносот ќе биде на МРТ Собранискиот сервис во 17 часот.