Почнува санацијата на мостот кај селото Долно Коњаре

01.03.2015 12:14

Мостот е со должина од 136 метри и е изграден пред 32 години...

Од денеска започнуваат градежните активности за санација на мостот на реката Пчиња во селото Долно Коњаре. 
 
Санацијата на мостот треба да заврши до крајот на април годинава, најавија денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Владо Мисајловски.
 
За оваа намена, посочија, се обезбедени 3,5 милиони денари. Мостот е стар 32 години, а со интервенцијата ќе се зголеми неговата стабилност.