Премиерот Груевски во посета на Кавадарци и Росоман
01.03.2015 12:18
Премиерот ќе ја посети и фабриката „Дрекслер Маер“ во Кавадарци...
Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Кавадарци и Росоман.
За време на посетата Груевски ќе присуствува на пуштањето во употреба на спортската сала во основното училиште „Пере Тошев“ и на новоизграденото подрачно училиште во село Паликула во општина Росоман.
Премиерот ќе ја посети и фабриката „Дрекслер Маер“ во Кавадарци, а во негово присуство ќе биде пуштен во употреба и локалниот пат село Страгово – село Крњево.
